Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница на барање на Србија и Русија по повод одлуката на Приштина за формирање војска, а на која ќе се обрати и српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по српско време, и ќе биде отворена за јавност. На седницата ќе присуствува и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Вучиќ на вчерашната вонредна прес-конференција изјави дека денеска во Њујорк ќе се бори за Србија со сето срце.
„Се спремам за Советот за безбедност на ОН. Ќе летам со ‘Ер Србија’ наутро и одам право на седница. Ќе се борам“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека на крајот на седницата ќе има право на реплика. „Не сум одлучил уште во кој дел ќе зборувам на англиски. Но не е моја работа да ги убедувам нашите луѓе, туку оние кои сакаат таму да слушаат. Утре ќе донесам конечна одлука“, реече Вучиќ.
Тој оцени дека косовската војска е формирана против интересите на српскиот народ. „Таа не може да ја загрози нашата војска, но може да го загрози опстанокот на нашиот народ. Сè тоа е спротивно на тоа што Тачи го зборуваше“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.