Еден МИГ 29 надлетувал над Нови Пазар во правец на Копнената зона на безбедност.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утринава после упадот на специјалните единици на косовската полиција на северот на Косово и апсењето на Срби, како врховен командант нареди полна борбена и боева готовност на српските армиски единци.

Доколку дојде до било какво загрозување на поредокот и животот на луѓето на северот на Косово, нашата војска ќе го заштити нашиот народ – порача Вучиќ.

Од касараната на војската на Србија во Краљево нешто пред 14 часот почна да излегува колона возила, полни со луѓе и опрема. Колоната најверојатно се движи во правец на Рашка.

Во касарната непосредно пред тоа, како што дознава Танјуг, непосредно пред тргнување на колоната стигнал министеро за одбрана, Александар Вулин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.