Војник со иницијали И.В. кој си ги исекол вените денеска околу 15.00 часот во школски двор на основно училиште се наоѓал надвор од животна опасност, пренесува Курир.рс.

– Ние интервениравме со помош на полицијата и неговата здравствена состојба сега е стабилна. Тој е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, соопштија од брзата помош.

Тој бил во друштво на девојка која седела покрај него и плачела.

Како што информираат од болницата во Ниш, а пренесуваат српските медиуми, војникот прво одбивал да прими помош и им се заканувал на докторите, а подоцна кога полицијата стигнала, тој прифатил да му се помогне.

Тоа траело околу десетина минути, а се претпоставува дека тој бил во алкохолизирана состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.