Српската радикална партија го смета за оправдан револтот на граѓаните и нивното изразување преку протест, но не и насилството, изјави денеска претседателот на партијата, Воислав Шешељ, изразувајќи сочувство до повредените полицајци и граѓани во изминатите два дена.

Шешељ на конференција за новинарите апелираше младите и нерасипани луѓе, кои немаат скриени намери, да не учествуват во судирите, како и до полицијата да биде потрпелива.

Лидерот на радикалите смета дека демонстрациите избиле спонтано и не ја исклучува можноста на протестите да има мала група уфрлени од страна на власта, објаснувајќи дека тоа во моментов им одговара само нив, бидејќи како што наведува, сега може да водат борба против насилството намеесто да се зборува за останатите проблеми во земјата.

Полициското насилство, вели тој, во делови е оправдано, во случаите кога полицијата е нападната или се уништува државен имот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.