Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот клан за кого Србија има издадено потерница се крие во Јужна Америка, дознава весникот „Ало.рс“. Тој се крие со украден идентитет на државјанин на Србија

Идентитетот го има обезбедно преку свои канали во Босна и Херцеговина и тоа на босански Срби кои имаат српско државјанство а во Босна никогаш не ваделе документи.

Тој живее во луксузни квартови и се претставува како бизнисмен и тајкун но често го менува местото на престој стравувајќи од ликвидација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.