Полицијата почна еден по еден да ги изнесува демонстрантите надвор од зградата на РТС во Белград, каде вечерва упаднаа членовите од протестот „1 од 5 милиони“, предводени од лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ. Видео тука.

Вечерва група на демонстранти упадна во националната телевизија, со барање опозицијата и предводниците на протестот да се вклучат со изјава во главниот вечерен Дневник.

Полицијата прво без употреба на сила се обиде да ги изнесе надвор присутните, но тие порачаа дека немаат намера да заминат.

Следете во живо:

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на вонредната прес-конференција порача дека секој кој насилно упадна во РТС, вршел насилство и го кршел законот, ќе одговара.

Се случи насилство во тежок облик. Демонстрантите го демолираа влезот во зградата, една група влезе внатре и им се закануваше на новинарите. За жал ова прерасна во облик кој не смееше да го земе.  Секој протест е дозволен, но не со закани, насилство, застрашување и напади врз новинари. Тоа не смее да се дозволи во нашата земја, рече министерот од Владата на Вучиќ, против која протестираат демонстрантите.

Протестите во Србија под слоганот „1 од 5 милиони“ започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ.

Тие претставуваат најдолготрајни масовни антивладини демонстрации во Србија од времето на петто-октомвриските промени во 2000 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.