Во земјотресот кој утринава го погоди хрватскиот главен град Загреб се повредени 17 лица меѓу кои и 15-годишно девојче, чија состојба и натаму е критична. Таа била тешко повредена кога врз неа паднале делови од покрив од една зграда и лекарите изјавија дека има повреди на мозокот кои се опасни по живот.

Првиот и најсилен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, се случи во 6:24 часот и неговиот епицентар бил на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри. Потоа биле регистрирани уште десетици земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од пет степени.

Ова е најтешкиот земјотрес што го погодил Загреб во последните 140 години, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.

Во Хрватска 254 лица се заразени со коронавирусот, а војската излезе на улиците за да одржува ред.

Според официјални податоци во Загреб се случиле 30-ина потреси, освен главниот земјотес. Во земјотресот се оштетени 66 згради, вклучувајќи ја и катедралата, која е едно од главните обележја на градот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.