Лекар од хематологија, е последниот заразен доктор во Клинички центар ,,Дубрава“ во Загреб, дознава ХРТ. Тој е седмиот доктор кој се заразил со коронавирусот.
Тројца се заразени во КЦ Дубрава, тројца во КБЦ Загреб и една лекарка на Клиниката за психијатрија во Врапче.
До вчера на полноќ во Хрватска се заразиле од овој вирус 70 луѓе.
Вчера директорот на КБЦ Загреб, Анте Чорушиќ ги критикуваше своите колеги кои биле на скијање во Австрија предминатиот викенд и се вратиле на работа без да кажат.
Тој рече дека е тотално неодговорно нивното однесување и дека поради нив 120 здравстевни работници се испратени во карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.