Неколку искршени стакла на телевизијата, и еден оштетен автомобил е билансот од синоќешниот упад во зградата на демонстрантите во националниот ТВ сервис во Србија РТС.
„Се беше мирно, а потоа ми јавија дека неколку стотици демонстранти се на влезот во телевизијата. Почнавме да се убедуваме, да им објаснуваме дека тоа не е начин. Стоевме да ги спречиме, но не успеавме“, изјави раководителот на обезбедувањето во РТС Горан Најдановиќ.
Стотина лица го бараа студиото каде што се емитувал дневникот. До физички инцидент со вработените во РТС дошло кога демонстрантите тргнаа да го бараат студиото, за директно да се вклучат во дневникот.
„Полицијата дојде за 30 минути. Не тргнаа насилнички на нив, туку се обидоа прво со преговори, на мирен начин. Тоа траеше до 21 часот. Не сакаа да излезат од зградата, а потоа полицијата еден по еден ги вадеше од зградата“, изјави Најдановиќ.
За вечерва се најавени нови протести во Белград, а денеска свое обраќање ќе има и претседателот Александар Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.