Со коронавирус во Србија се заразени три вработени во градинки, потврди вчера министерот за образование, Младен Шарчевиќ.

Истакнал дека прво во Мајданпек заболеле две воспитувачки, а потоа во Лесковац и Власотинци. Тој нагласил дека и пред резултатите да бидат познати имале информации дека две воспитувачки се заразени со коронавирусот.

Таму е одложен почетокот на работата, бидејќи тоа е мало место, една установа и одреден е карантин“, рекол Шарчевиќ.

Воспитувачката од Власотинци која е позитивна на коронавирус на работа била 15 минути пред да и јават дека е позитивна на Ковид-19. Според српските медиуми, таа немала никакви симптоми и во моментов е во ковид-болницата во Лесковац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.