Стотици фотографии од разголени девојки се пронајдени во станот на Бранислав Савиќ (65), поранешен вработен во Истражувачката станица Петница, кога петмина поранешни членови на институцијата го идентификуваа како сексуален насилник.
Савиќ беше испрашуван како граѓанин како дел од предистражните дејствија за случајот што ја тресе Србија со денови, а го покрена Основното обвинителство во Ваљево, со оглед дека станува збор за информативен разговор, спроведен претходно со поранешниот и сегашен директор на Петница, како и со неколку сведоци.
Тој не беше уапсен, како што објасни високата обвинителка Драгана Марковиќ, „затоа што истражните органи сакаат прво да ги обезбедат жртвите“.
Сепак, при претрес на стан во поширокиот центар на Ваљево, каде што Савиќ веќе подолго време живее со цел да добијат материјални докази, истражителите биле шокирани од тоа што го нашле. Станувало збор за стотина фотографии од разголени девојки. Некои фотографии биле со експлицидна содржина, а на некои од нив имало и малолетници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.