По налог на Обвинителството за организиран криминал во Србија се уапсени шест лица поради сомнеж дека се здружиле во криминална група и фалсификувале лични документи, како и ПЦР тестови.

По налог на Обвинителството после неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Одделението за сузбивање организиран и финансиски криминал СБПОК МУП на Република Србија од слобода се лишени шест лица поради извршување кривични дела, односно фалсификување исправи – соопштуваат од Обвинителството.

Како што наведуваат, постојат сомнежи дека оваа организирана група на територијата на Србија работела во периодот од јануари годинава и дека лажирала јавни исправи, изработувала фалсификувани лични документи, како и десетици лажни резултати од ПЦР тестови за Ковид-19.

Осомничените за изработка на документи наплатувале од 100 до 800 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.