На аеродромот во Белград „Никола Тесла“ утрово пристигна последната пратка со половина милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека последната испорака на „Синофарм“ според договорот пристигнала утрово, што е вкупно четири милиони дози на вакцини купени од Кина и испорачани со осум летови од јануари до сега.

Благодарение на оваа сериозност на кинеските партнери, достигнавме 45 проценти вакцинирани од возрасната популација. Но, тоа не е доволно за колективен имунитет – рече Брнабиќ и ги повика младите да се вакцинираат што е можно побрзо за да се стави крај на пандемијата што е можно поскоро.

Ние сме исто така благодарни што тие направија многу повеќе од договореното и што доставија четири милиони дози вакцини во најкус можен рок. Кинеската армија испрати 200.000 дози, така што добивме вкупно 4.200.000 дози вакцини ‘Синофарм’“, истакна Брнабиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.