Од денеска за влегување во Србија, странските државјани и домашните кои се враќаат во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или пак да замината веднаш во домашна изолација во траење од 10 дена. Истата може да се прекине доколку во меѓувреме лицата направат тестирање и добијат негативен резултат на коронавирусот.

Покрај оваа нова мерка останува на сила забраната за работа на сите објекти до 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и пумпите.

Според тамошните власти, досегашните мерки во Србија имале ефекти, иако бројките се и натаму високи и покрај падот на новозаболените лица. Во болниците, бројот на примени и сè уште поголем од бројот на отпуштени пациенти. Во многу градови, болниците се полни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.