Србија целосно ќе ги отвори границите од 1 јуни, но само со четири соседни земји, со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не била жариште на коронавирусот, изјави епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон.
Tој ја презентираше потребната документација и процедура за туристите и сите оние кои сакаат да влезат во Србија.
-За овие четири земји исто е како и порано, мора да имаат одобрение од владината комисија, која се добива во српските амбасади и со тоа одобрување мора да имаат и ПЦР тест не постар од 72 часа. Тоа е сегашниот режим кон странците. Српските граѓани кои доаѓаат, исто така, мора да имаат тест, и доколку имаат тест, не мора да поминат 14 дена во самоизолација, а ако немаат, одат во самоизолација, изјави д-р Кон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.