Во последните 24 часа во Србија се потврдени 2.677 нови случаи на коронавирусот, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата, а починаа уште девет лица.

Според податоците на Министерството за здравство, од последниот пресек тестирани се 11.192 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија, 60.635 лица биле заразени со вирусот корона, од кои 880 починале



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.