Ивермектинот е еден од лековите кои се користат во медицинската терапија на симптоми на ковид-19. Овој лек има употреба и во хуманата и во ветеринарната медицина, но сепак иако се работи за иста генерика, лекот наменет за луѓе е различен од оној за животни. Една од главните препораки е ивермектин да се зема само со препорака на лекар и во случај на потврден ковид-19, но сепак многу лекари во соседството го препишувале дури и превентивно.
На отворената линија на српското Министерство за здравство пристигнале повеќе пријави за лекари кои го препишувале лекот без да направат ниедно испитување. Во Србија, овој лек се уште не е одобрен за употреба кај луѓе вон клинички услови.
Така, по пријавите на граѓаните, сменети се неколку лекари, а оние кои имале раководни позиции во поголеми здравствени установи се разрешени.
Српските здравствени власти предупредуваат да се пријавуваат лекари кои превентивно препишуваат тешки лекови, а ја заобиколуваат препораката за вакцинација. Оттаму потсетуваат и дека е забрането третирање на тешки ковид-пациенти вон болнички услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.