На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград синоќа пристигнаа нови 100 000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ го дочека контингентот руски вакцини против корона вирусот.
Многу луѓе мораме да ревакцинираме, му благодарам на претседателот Владимир Путин, изјавил српскиот претседател Вучиќ на дочекот на вакцините Спутник V.
Вакцините веднаш по пристигнувањето биле транспортирани до Институтот „Торлак“ во Белград од каде потоа ќе бидат дистрибуирани во центрите за вакцинирање низ Србија.
Денеска во Србија треба да бидат испорачани и 58 000 дози на вакцината Фајзер, а во петок уште половина милион кинески вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.