Во Србија утрово пристигна нов контингент кинески вакцини од „Синофарм“.

Контингентот од 500 000 дози беше пречекан на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор Чен Бо.

Претходно, Брнабиќ објави дека денеска треба да пристигнат уште околу 106 000 дози од вакцината на „Фајзер“.

Во Србија се користат четири вакцини: „Фајзер“, „спутник В“, „Астра Зенека“ и „Синофарм“.

Според Брнабиќ, 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 20 отсто се ревакцинирани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.