Според последните податоци, во Србија денеска регистрирани се уште 4.929 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа 65 пациенти.
На респиратор се 281 пациент, а во болница се лекуваат 6.764.
Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 6.312.619 примероци, а виросот е потврден кај 1.142.749.
Процентот на смртност изнесува 0.87%.
Премиерката Ана Брнабиќ, на својот Твитер налог објави вест дека Србија надминала 3 милиони вакцинирани против Ковид-19.
„Штотуку го надминавме бројот три милиони полнолетни жители на Србија кои примиле вакцина против Ковид-19. Им благодарам на сите кои со овој чин се заштитија себеси и сите други околу себе, како и на напиот здравствен систем и покажаа одговорност и солидарност. Ова е единствен начин да го победиме вирусот“, напиша таа.
Освен неа, и дел од научниците истакнуваат дека вакцинацијата е клуч за победа над вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.