На повеќе од 30 локации и околу 110 пунктови од денеска во Србија почна масовната вакцинација против Ковид-19.
Во Србија вчера пристигнаа 19.500 вакцини на „Фајзер“ и „БиоНтек“ против корона вирусот, што е втор контингент откако на 22 декември минатата година беа набавени 4.875 дози од вакцината.
Како што претходно изјави државниот секретар Мирсад Ѓерлек, околу 8.500 здравствени работници и 2.500 лица во геронтолошки центри треба да бидат вакцинирани до крајот на неделава.
Ѓерлек исто така најави дека во јануари во Србија ќе пристигнат 80.000 дози од вакцината на компанијата „Фајзер“, а се очекуваат и големи количини вакцини од Русија и од Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.