Србија е убедлив лидер по бројот на вакцинирани лица во регионот и е еден од лидерите во Европа, но, иако вакцината против корона е достапна во поголеми количини во Србија, сепак 30 отсто граѓани веројатно нема да се вакциниранаат, додека 16 отсто се изјасниле дека сигурно нема да ја примат, покажа неодамнешното регионално истражување на компанијата Валикон, јави дописникот на МИА од Белград.
Во регионот, БиХ е лидер според бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат, со 61 отсто од граѓаните кои имаат намера да ја примат вакцината.
Од друга страна, според истражувањето спроведено во март 2021 година, преку онлајн методот на репрезентативни примероци во четири земји во регионот- БиХ, Хрватска, Словенија и Србија, значителен процент на граѓани на БиХ немаат намера да се вакцинираат – 27 отсто изјавиле дека најверојатно нема да се вакцинираат, додека 12 отсто сигурно нема да се вакцинираат.
За разлика од БиХ, Хрватите и Словенците имаат малку помала намера да се вакцинираат (50 отсто имаат намера да се вакцинираат), додека значително поголем е процентот на оние кои не сакаат да се вакцинираат, особено оние кои не оставаат простор за можна вакцинација – скоро петтина или 20 отсто.
Кога станува збор за која вакцина би сакале да се вакцинираат, граѓаните на Србија ја преферираат руската вакцина „Спутник V“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.