Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.072 позитивни случаи на коронавирус. Бројките растат и кај нашиот северен сосед од ден на ден, а ова е првпат по долго време да има четирицифрена бројка на новозаразени.

Направени биле 11.324 тестови, а на респиратор во моментов се наоѓаат 25 пациенти.

Во последните 24 часа починати се шест лица во оваа земја, со што бројката се искачи на 7.158 лица.

Вкупно хоспитализирани се 831 лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.