Вакцината „Спутник В“, која од утре ќе се произведува во Србија, наменета е пред се за домашниот пазар, изјави денеска Ненад Поповиќ, министер задолжен за иновации и технолошки развој во Владата на Србија, додавајќи дека во првата фаза ќе се произведат четири милиони вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.

Се разбира, Србија ќе им помогне на сите во регионот за почеток, но исто така и на другите во светот, изјави Поповиќ за РТС.

Тој додаде дека супстанца за производство на таа вакцина ќе пристигне денеска во Белград, а производството треба да започне утре.

Тие се транспортираат во специјални контејнери на температура од два до осум Целзиусови степени, а по пристигнувањето на аеродромот„ Сурчин “ ќе одат во Институтот„ Торлак “. Таму сè е подготвено за производство, посочи Поповиќ.

Србија ќе стане првата земја во Европа што ја произведува вакцината Спутник В.

Во Србија, покрај руската „Спутник В“, се користат и кинеската вакцина „Синофарм“, британската Астра Зенека и американско-германската Фајзер/ Бионтек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.