Заклучно со вчера, во Србија се пријавени вкупно 261 случај на несакани реакции по вакцинирање против коронавирус, рече Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала, додавајќи дека тоа е многу мал број, имајќи го предвид вкупниот број на вакцинирани граѓани.

Тој изјави дека може да се очекуваат несакани ефекти по вакцинирањето, но дека е важно што нема долгорочни последици.

Досега немавме за што да се грижиме. Сè што се случило досега е решено за неколку дена – рече Зелиќ, гостувајќи на ТВ Пинк.

Тој изјави дека несакани ефекти може да бидат треска, болка на местото на инјектирање, оток, црвенило, болка во мускулите, зглобовите, главоболка, гадење… и додаде дека тие најчесто биле пријавувани од граѓани на возраст од 45 до 64 години и тоа почесто жени.

Исто така тој рече дека не треба да постои страв од вакцината затоа што секоја вакцина е валидна, ефикасна и безбедна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.