Србија досега има евидентирано 9.205 заразени лица со новиот коронавирус, 185 починати и 1.379 излекувани граѓани, јави дописникот на од Белград. Во изминатите 24 часа тестирани се 5.906 лица, од кои позитивни на вирусот се 196 граѓани, изјави на владината прес-конференција на кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон.

Вкупно во Србија досега се тестирани 91.551 граѓанин од кои кај 9.205 е потврден случајот на зараза со вирусот, а излечени се 1.379 пациенти. Во ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2.375 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 65 лица. Од вирусот во изминатите 24 часа починати се шест лица, двајца мажи и четири жени, со што вкупниот број на починати достигна 185 лица, од кои 113 се мажи и 72 жени, со вкупна смртност од 2,01 отсто. Во установите за социјална заштита и во домовите за стари лица позитивни на вирусот се 593 штитеници и 113 вработени.

Епидемиологот Предраг Кон сублимирајќи ги последните податоци оцени дека во Србија полека се намалува циркулацијата на епидемијата на коронавирус.

Според процентот на новозаразени во одос на тестираните, кој денеска првпат е така мал и изнесува 3,3 отсто, може да оценам дека се намалува циркулацијата на епидемијата, но таа се уште е присутна кај граѓаните…Константниот повеќедневен број на починати кој се движи меѓу пет-шест лица се должи на ситуацијата од пред три недели, пред се поради ширењето на вирусот во геронтолошките центри. Еве денеска имаме уште еден смртен случај и сето ова не смееше да ни се случи, а сега можеме само да ги броиме последиците, изјави Кон.

Имунологот Срѓан Јанковиќ порача дека за првомајските празници треба да се избегнуваат собирањата и контактите, како и по нив, како и дека Србија е се уште далеку од колективниот имунитет.

Во Србија за време на првомајските празници забраната за движење започна вчера во 18 часот и ќе трае до утре, 2 мај, во пет часот наутро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.