Во Србија околу 26 отсто од населението е вакцинирано со една доза, а 20 отсто со две дози од вакцината против коронавирус, соопшти денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.
Таа прецизираше дека во популацијата на возраст од 65-74 години вакцинирани се 51 отсто, а во делот од населението од над 75 години – вакцинирани се 41 процент.
Во Србија денеска пристигна нов контингент од половина милион дози вакцини од кинескиот производител Синофарм против коронавирус. Авионот со вакцините слета на аеродромот „Никола Тесла“, а го пречекаа Брнабиќ и амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо.
Брнабиќ рече дека со овој контингент, Кина доставила вкупно 2,5 милиони вакцини на Србија.
Имаме нешто помалку од милион од сите други вакцини. Утре, кога пристигнуваат 106.470 вакцини на Фајзер, ќе ја надминеме бројката од 3,5 милиони добиени вакцини. Кога велам добиени, мислам – испорачани, бидејќи плативме за сите вакцини, рече Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.