Во последните 24 часа, во Словенија беа потврдени 2.045 нови инфекции со коронавирусот, а 25 лица починаа како резултат на ковид-19, објави словенечката влада.

Според Твитер профилот на Владата на Словенија, тестирани се 14.718 лица, а бројот на позитивните тестови е 13,9 проценти.

Во болницата има 1.160 лица, од кои 191 се на интензивна нега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.