Забраните за патување меѓу општините и регионите во Словенија се укинати, отворени се сите продавници и повторно се дозволени собири до десет лица откако земјата се префрли на портокаловото ниво на ограничувања.
Собирите на јавни простори досега им беа дозволени на семејствата и членовите на исто домаќинство, но од денеска тие се ограничени на десет лица, поголемите настани или собири се уште се забранети, а полицискиот час од 21 до 6 часот наутро останува во сила.
И сите продавници можат да се отворат од денеска, под услов персоналот да има негативен тест за коронавирусот, и тие ќе мора да се тестираат еднаш неделно.
Укинати се и ограничувањата во областа на спортот и рекреацијата со дозвола на бесконтактни тренинзи за поединци и групи до десет спортисти, а спортските настани засега остануваат без гледачи, јави СТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.