Во Словенија се потврдени 1.663 нови случаи на Ковид-19, објави порталот „24ур.си“, кој секое утро објавува неофицијални информации за вирусот.

Во Словенија стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикаа граѓаните да останат дома. Дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.

Владата одлучи да се дозволат натпревари во колективните спортови, но само на највисоко ниво, додека за индивидуалните спортови се дозволени домашни и меѓународни спортски настани без гледачи.

Тренинзи сега се дозволени за спортисти од олимписка, светска, меѓународна и перспективна класа, како и професионални спортисти постари од 15 години, кои се запишани во регистарот на професионални спортисти во Министерството.

Владата исто така утврди дека дури и во црвените региони, фризерските и козметичките салони можат да прифатат еден клиент на 20 квадратни метри. Досега се сметаше дека во овие региони, фризерите и козметичарите можат да имаат само еден клиент во деловните простории. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.