Поединци се вакцинираат за други за одредена сума пари, јавуваат словенечките медиуми. Според аферата што ја тресе Словенија овие денови, најчесто се работи за бездомници или за сиромашни луѓе, кои на тој начин си осигуруваат егзистенција.

Дело.си објави дека на Клиниката за заразни болести во Љубљана еден зависник од хероин бил вакциниран дури 23 пати во име на други луѓе кои не сакале да се вакцинираат, но на тој начин на хартија „примиле“ вакцина.

Момче признава дека е вакцинирано четири пати, но и дека во Словенија уште од мај постои побарувачка за доброволци кои ќе се вакцинираат за друг.

Ваквиот пропуст фрла сомнеж на кој начин се врши идентитет на лицата што се вакцинираат, пишува Дело.

Засега нема реакција од словенечките здравствени власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.