Словенечката Влада одлучи од денес повторно да бидат воведени некои рестриктивни мерки за граѓаните по појавата на новозаразени со коронавирусот.
По препорака на епидемиолозите, сите граѓани повторно се обврзани да носат заштитни маски сите затворени простории. Истото важи е за верските објекти каде што верниците нема да смеат да влезат доколку немаат соодветна заштитна опрема.
Повторно е наредно да се постават средства за дезинфекција на повеќе места, а сите граѓани при влегување во затворени простори задолжително ќе мораат да си ги дезинфицираат рацете.
Од Националниот институт за јавно здравје соопштија дека денес повторно се регистрирани шест новозаразени лица со вирусот. Најголем дел од овие случаи се увезени, поради што од институтот побара да се сменат правилата за влез во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.