Во Словенија се шири опасен тренд – луѓето намерно се инфицираат со коронавирусот за да стекнат антитела за полесно да можат да патуваат. Ова, наводно, е поради тоа што оние кои прележале Ковид-19 се третираат подеднакво како имунизираните со вакцина.
Епидемилогот Матеја Логар смета дека ова е загрижувачки.
Забележуваме тренд на зголемување на бројот на оние кои сакаат што побрзо да се заразат со Ковид-19, за да може да добијат потврда дека го прележале вирусот со цел полесно минување на границите. Ова е опасна пракса која никако не смееме да ја препорачаме и да дозволиме да продолжи да се случува, рече Логар.
Според неа, има можноста оние што го прележале коронавирусот да бидат избришани од списокот на лицата кои не мора да се тестираат при преминување на граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.