Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Болнички, од COVID-19 се лекуваат само уште 18 лица, од кои четири со потешка форма на болеста се на одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во земјата вкупно беа инфицирани 1.468 лица.

Рестораните и кафулињата во главниот град Љубљана се полни со гости, а отворени се и внатрешните делови на објектите.

Сепак, здравствените власи неколку пати потенцираа дека ваквиот добар резултат во справувањето со коронавирусот се должи исклучиво на големата дисциплина на граѓаните, навремените мерки на Владата и одговорното однесување на сите општествени чинители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.