Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 1.612 случаи на зараза со коронавирусот, а од коомпликации предизвикани од заболувањето Covid-19 кое го предизвикува тој починале 27 луѓе, соопшти во саботата словенечкото министерство за здравство.

Спроведени се 6.340 тестови, па уделот на потврдените заразаи во тестираната популација изнесува 25,43 отсто.

Бројот на потврдените коронаинфекции од почетокот на епидемијата изнесува 44.270, од што во моментов активни се 22.979 случаи. Броот на починатите се зголеми на 534, а бројот на заразените на 100.000 жители во последните 14 дена на 1.096.

Во словенечките болници во моментов има 1.084 заболени, 27 пациенти повеќе од претходниот ден, а од тоа на одделите за интензивна нега се 178 пациенти, четири повеќе од петокот.

Како што објави Научниот инситут „Јожеф Штефан“, кој ги прави проекциите за епидемиолошката состоја за владата на Словенија, иако е потврдено забавено зголемување на бројот на заразите, тоа сѐ уште не значи дека епидемијата е запрена, но нејзниот пик доколку се одржи сегашниот тренд би можел да биде достигнат во следните неколку дена.

На претпазливост во прогнозите во петокот повика и министерот за здравство Томаж Гантар, истакнувајќи дека Словенија сѐ упте не е во безбедната зона и дека пројот на хоспитализирањата и натапу е воо пораст.

Одиме по тенок мрази ситуацијата повторно би можело брзо да се влоши, затоа не можеме да бидеме мирни“, рече Гантар за Словенечкото радио.

Според него, процентот на позитивните тестови последните денови значително е помал отколку порано, но бројот на новите зарази и натаму е голем, а репродукцискиот број на ширењето на епидемијата уште сѐ уште е повисок од еден.

Сѐ уште не сме на сигурно и ќе мораме да дејствуваме следните денови и седмици, веројатно и месеци, Сегашната ситуација не упатова на тоа дека би можеле да зборувам за попуштање на мерките и релаксација“, додаде Гантар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.