М.С.(25) од Прокупље се здобила со тешки телесни повреди опасни по живот, кога бегајќи од сопругот Д.Ч. скокнална од вториот спрат на зградата во која живееле. Жената е во седмиот месец од бременоста. Превезена е во нишката болница поради сериозноста на повредите.

Поради насилство над неа, полицијата во Прокупље го уапсила Д.Ч. и му одредила мерка на полициско задржување до 48 часа.

Како што се дознава, постои сомнеж дека Д.Ч. ја нападнал својата сопруга во нивниот стан синоќа околу полноќ. Таа барајќи спас од насилството, скокнала од прозорот од станот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.