Бројот на заболени од корона вирусот во целиот регион секој ден е се поголем, додека бројот на заболени во Србија е троцифрен, па Др. Предраг Кон за денешна Политика дал препорака како треба да се однесуваме и објаснил зошто кафулињата и рестораните во Србија работат до 23 часот.
Забраната за нивна работа после 23 часот е многу јасна. Дали ќе има уште поголемо скратување на нивното работно време зависи од развојот на ситуацијата. Не можам да зборувам во име на Кризниот штаб уште кои мерки би можеле да се воведат, но верувам дека и за тоа ќе стане збор. Мој став е дека неопходно е што помалку да се биде на места каде е можно пренесување на вирусот, а тоа се кафулињата и рестораните и другите затворени простори. Во кафуле или ресторан треба постојано да се носи маска. Докажано е дека зголемен е ризикот од заболување со корона во моментот кога се козумира нешто, на пример, храна- тврди Кон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.