Бродовите во цела Грција се закотвени на грчките пристаништа поради дводневниот штрајк на поморската федерација што започна една минута по полноќ и ќе трае до утре на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.
Од федерацијата бараат покачување на платите во колективните работни договори за 2020 и 2021 година и решавање на проблемите во конкретниот сектор.
Паралелно, не ја исклучуваат можноста за дополнителни активности и нови штрајкови.
Федерацијата, 48-часовен штрајк одржа и минатиот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.