Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 255 позитивни случаи на Ковид-19, меѓу 5.074 тестирани.

Во ист временски интервал од последиците од Ковид-19 починале четири пациенти, пренесе БТА.

Бугарија досега регистрира вкупно 19.828 заболени, починати се 789, а бројот на излечени пациенти е зголемен за 119 на 14.132.

Активни се 4.907 случаи.

Во болница се лекуваат 782 пациенти, а 36 се на респиратор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.