Претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел на 10 јули ќе организираат самит, во кој претставници на Белград и Приштина ќе бидат угостени преку видео-конференција, јавува агенцијата Асошиејтед Прес.

Како што изјавуваат од германското министерство за надворешни работи, повторното воспоставување на дијалогот со кој посредува Европската унија, помеѓу Белград и Приштина и други регионални прашања за западен Балкан, би требало да се случи без одложување.

Истовремено, порачаа дека Специјалниот суд на Косово ужива полна поддршка на Сојузната германска Влада, но и дека меѓународната заедница, вклучително Германија, јасно очекува Косово да ја почитува оваа посветеност и да ја поддржува работата на институцијата.

Самитот беше најавен уште во март, но не се одржа поради ситуацијата со корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.