Словенечката Влада денеска донесе нови рестриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, а една од нив е забраната за собирање на повеќе од 10 лица.
Собирање до 500 луѓе ќе биде можно само со одобрение од Националниот институт за јавно здравје.
Забрането е да се служи храна и пијалоци на настаните, а баровите и рестораните ќе ги служат само оние гости кои се оддалечени 1,5 метри.
Рекорден број на новозаболени со Ковид-19 денеска се регистирани во Словенија – 387, што е најголем број од почетокот на пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.