Бремена жена (20) од Књажевац починала синоќа околу полноќ во Универзитетскиот клинички центар во Ниш од компликации предизвикани со коронавирус, пренесува Нова.рс.
Директорот на таа институција, Зоран Перишиќ, за медиумите изјавил дека ден пред фаталниот исход на бремената жена, во четвртиот месец од бременоста со близнаци, била поврзана со респиратор поради влошената здравствена состојба.
Пациенката беше примена на 3 октомври со тешка билатерална бронхопневмонија и сатурација 80. Докторски конзилиум беше вклучен во нејзиниот третман од првиот ден. За жал, нејзината состојба се влоши и беше интубирана. почина синоќа во 23 часот. Не беше вакцинирана,”рече Перишиќ.
Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, коронавирусот е потврден кај пет бремени жени и четири мајки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.