Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и испратил писмо на Владата на Србија во кое ги замолува милион евра од слободните средства да и се префрлат на Владата на Хрватска, како помош поради серијата земјотреси кои ја погодија оваа земја.
Вучиќ вчера рече дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска, и технички и финансиски и дека се надева дека земјотресот поминал со минимални жртви.
Подготвени сме да пружиме секој вид на помош. Сакам Хрватска брзо да закрепне, брзо да ги обноват сите објекти – нагласил тој.
Вучиќ рекол дека Србија ќе помогне колку што може.
Многу ми е жал и подготвени сме да пружиме секаков вид на техничка и финансиска помош – рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.