Дваесет и едно лице загина при лавина во источна Турција, изјави Мехмет Емин Билнез, гувернер на источната провинција Ван.
Меки Арвас, началник на округот во источната провинција Ван, изјави дека 300 луѓе ги спасувале затрупаните со снег по лавината што ја зафати областа, кога се случи уште еден снежен одрон, јави телевизијата НТВ.
Арвас додаде дека 15 лица се уште се затрупани под снегот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 30 луѓе се спасени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.