Косовскиот министер за здравство Арбен Витија и претставникот на косовската хотелска и туристичка комора, Дритон Хоти, на состанокот во петокот одлучија дека граѓаните кои сакаат да учествуваат во какви било општествени активности мора да се вакцинираат против ковид -19, како и дека на ноќните клубови ќе им се продолжи работното време за четири часа, односно од 23 до 3 часа по полноќ, пренесува РТК2.

Овие одлуки стапуваат на сила на 11 август.

„Секој граѓанин на Косово, за да учествува во каква било општествена активност, без разлика дали е во трговски центар, ноќен клуб или на семејни забави, е должен да прими вакцина против коронавирус, бидејќи од 20 август ќе биде потребна барем првата доза, во спротивно нема да може да учествува во каква било активност“, се вели во соопштението по состанокот.

Исто така, работниот персонал од хотелскиот и туристичкиот сектор е должен да ја прими барем првата доза од вакцината до 12 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.