Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.161 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од корона вирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.595 тестови со методот РТ-ПЦР (158.577 вкупно досега), позитивни на корона вирусот биле 562 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 42.805, а болеста досега ја совладале 31.802 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 781 пациент.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 12.040 активни носители на коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.