Две лица загинаа во железничката несреќа што се случи ноќта помеѓу саботата и неделата кај местото Змајево во Општина Врбас, Србија. Како што соопштија српските медиуми, Борис Цап (25) и В.О. (17) од селото Куцура загинаа на лице место откако товарен воз налета на нивното „рено седик“.

Од компанијата „Србија Карго“ прецизираа дека несреќата се случила 50 минути после полноќ, кога товарниот воз што сообраќал од Македонија кон Унгарија удрил во автомобилот, чиј возач не обрнал внимание на предупредувањата на машиновозачот.

Повикувајќи се полициски извори, „Блиц“ јавува дека неофицијално момчињата се тркале со возот во обид да го преминат и местото каде се вкрстуваат патот и пругата.

Нивниот автомобил од силината на ударот одлетал десетина метри. Лекарите на Брзата помош констатирале смрт на лице место. Телата се предадени на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.