Денес, по долго време, Националниот штаб за цивилна заштита на Република Хрватска свика прес-конференција повторно во 2 часот попладне. Причината за тоа е големиот скок во бројот на ново заразени со коронавирус.

Во изминатите 24 часа имаме 130 ново заразени. Имаме 686 активни случаи. Нема жртви, изјави на прес-конференцијата на Националниот штаб, шефот на ЦНИПХ, Крунослав Чапак.

Ова е втор најлош ден во однос на бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата – на 11 јули имало 140 случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.