Во последните 24 часа во Хрватска нема нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита, а во Словенија е откриен само еден новозаразен.
Во Хрватска сд вкупно потврдените 2.247 случаи, досега 2.126 лица оздрравеле, а 104 лица починале. Се лекуваат уште 17 лица, од кои двајца пациенти се на респиратор.
Досега се тестирани вкупно 68.740 лица, а од нив 226 во последните 24 часа.
Во Словенија досега се направени 80.000 тестови, а потврдени се 1.485 случаи на Ковид-19. Во последните 24 часа нема починати, така што бројот на смртни случаи останува 109.
Во моментов, пет пациенти се хоспитализирани, а бројот на активни случаи е 17.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.