Денеска во Хрватска се забележани 4.966 новозаразени со корона вирусот, а уделот на заболеени од вкупно тестирани е 38,42 отсто. Вчера тој процент беше 33,54 отсто. Сепак, минатата недела се искачуваше и до 46 отсто.

Вкупно активни се 30.381 случај. Од нив 1.952 пациенти се на болничко лекување, а 253 пацинети се на репсиратор.

Воедно починаа уште 59 пациенти од последиците на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.